Интезивни градежни активности на повеќе локации во Општина Крива Паланка

Интензивно се работи на уредување, асфалтирање улици на повеќе локации во Крива Паланка, а се уредува и мајор коритото на Крива Река.

-Во моментот интензивно и со полна пареа се работи на повеќе локации во градот. Заедно со јавното претпријатие “Комуналец” работиме на алтернативно решение за паркинг простор за потребите на градскиот пазар и хортикултурно уредување за урбан лик на кејот на Крива Река. Се работи во мајор коритото на реката, на потегот од т.н. Шанин мост кон градскиот пазар, за уредување на кејот, хортикултурно разубавување и функционално приспособување на дел за паркинг простор со што ќе се намали сообраќајниот метеж, бидејќи ќе се обезбеди нов паркинг простор на една минута од центарот на градот, информира градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

Се работи на подготовка и наскоро ќе се асфалтира патот во населба Лозаново и населба Куков Дол.

-Ги подобруваме условите за жителите на Лозаново, а и жителите на населба Куков Дол наскоро ќе чекорат по нов асфалт. Машините се на терен и интензивно се работи, како и во повеќе делови од општината.За урбан лик и подобрување на условите за граѓаните, работиме неуморно, додаде Митовски.

Во завршна фаза е и изградбата на рекреативна пешачка патека, Бабин Дол, која води кон туристичкиот бисер, манастирот св. Јоаким Осоговски во Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст