Тактичко-показна вежба на ТППЕ Крива Паланка по повод Денот на пожарникарите

Почитувани,

Ве известуваме дека, по повод  Денот на пожарникарите, 20 Мај, ТППЕ Крива Паланка ќе има тактичко-показна вежба за гасење на пожар и евакуација на ученици во ООУ Јоаким Крчовски.

Поради тоа што во текот на вежбата ќе бидат користени звучни и светлосни сигнали, ја информираме јавноста дека нема потреба од вознемиреност и паника.

Вежбата ќе започне во 11.00 часот, а ќе заврши во 12.00 часот со смотра во училишниот двор.

Големина на фонт
Контраст