Нов проект за регулирање на уште еден дел од минор коритото на Крива Река

Со финансиски средства во висина од 4.6 милиони денари од Министерството за животна средина и просторно планирање, ќе се врши регулација на уште еден дел од минор коритото на Крива Река во Крива Паланка.

Денес градоначалникот на Општина Крива Паланка,Сашко Митовски, потпиша договор за изградба на регулација на минор корито во Крива Река -дел 4, во должина од 200метри, на потегот од спортскиот центар во градот кон излезот на градот, на вливот на Бабин Дол во Крива Река.

– Договорот е потпишан денес, со министерот за животна средина Насер Нуредини, а проектот спаѓа во групата инвестициски проекти и опфаќа изградба на минор корито на Крива Река во должина од двесте метри. За урбан лик на градот ќе се инвестираат 4.597.309 денари за доуредување на коритото од спортскиот комплекс во градот кон вливот на Бабин Дол во Крива Река. Проектот се финансира со средства од Програмата за управување со води 2022 на министерството, а рокот за реализација е 25 декември 2022 година. За нашата општина, подобро место за живеење за сите граѓани, изјави градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

Големина на фонт
Контраст