Првомајски општински крос 2022

Во организација на Општина Крива Паланка и Europe House Крива Паланка на ден 16.05.2022 година ќе се одржи Првомајски општинскиот крос натпревар 2022.

Се работи за целодневен настан во кој ќе бидат организирани два вида на маратон:

Инклузивен маратон

Овој маратон ќе се одвива по долж на пешачката патека. Не е од напреварувачки карактер. Може да се употребува стратегија на трчање, но и стратегија на одење и брзо одење. Лица со посебни потреби се поканети да земат учество во овој маратон.

Маратон од натпреварувчки карактер

Овој маратон е од натпреварувачки карактер и ќе се одвива на главната улица. Лица од различни категории ќе се вклучат во истиот. Ќе се натпреваруваат на различни дистанци.

Настанот ќе започне во 11:30 часот на градскиот стадион, каде што краток говор ќе имаат  градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски и заменик шефот на одел за политички работи при Делегацијата на ЕУ, Феручио Бого. Тие ќе се сретнат со учесниците на маратонот и ќе ги слушнат нивните инспиративни спортски искуства и приказни на млади успешни атлети. Младите лица ќе ги искажат својата мотивација за учество во спортот, но и потребите кои ги имаа како млади спортисти.

Маратонот ќе биде отворен од страна на Михаела Алексовска, првата млада жена кошаркарка од Северна Македонија во НБА кампот.

Маратонот ќе завши на градскиот плоштад, каде ќе биде доделувањето на медали на најзбрите во натпреварувачкиот маратон, Пефроманс на модерен танц од страна на Dance TEAM Fusion од Куманово и ДЈ Сет на млад ДЈ.

Целта на сите овие настани е да го прославиме денот на Европа, да ги негуваме Европските вредности со желба за поблиска Европска иднина на нашата земја.

Големина на фонт
Контраст