Започна асфалтирање на локален пат во с.Кошари

Со цел навремено реалзирање на планираните проекти во делот за подобрување на локалната патна инфраструктура и создавање услови за рурален развој и подобра мобилност на жителите на с.Кошари и с.Б’с, општина Крива Паланка, денес ја започна првата фаза од активностите за асфалтирање на овој патен правец, кој е со вкупна должина од 6 км.

Целосната реализација на овој проект ќе се одвива по фази, а денес се започна со реализација на активности за асфалтирање на патен правец од првата фаза – Крак 1 во с.Кошари, во должина од 2010 метри.

Вкупната вредност на овој зафат за изградба на локален пат – (Крак1) во с.Кошари, е во висина од 12.877.980 денари, од кои 9,5 милиони се обзбедени преку Бирото за регионален развој, а останатиот дел на финасиски средства се од општинскиот буџет.

Изведувач на градежните работи е економскит оператор „Лабино-Трејд“ од Гостивар.

Големина на фонт
Контраст