Пензионерска регонална ревија на песни, музика и игри во Kрива Паланка

Здруженијата на пензионери од Крива Паланка, Куманово, Кратово, како  и  здруженија од скопските населби Центар, Чаир и  здружението на пензионери „Солидарност “ од Аеродром, денеска ја одржаа 20-тата Регионална ревија на песни, музика и игри. Настапите на пензионерите се одржаа во спортската сала „Бранители 2001“.

На манифестацијата покрај градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, присуствуваше и претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Станка Трајкова.

Заблагодарувајќи им се на сите учесници за љубовта и ентузијазмот со кој го негуваат и презентираат фолклорното наследство, пензионерските средби ги поздрави и претседателот на Здружението на пензионери на Општина Крива Паланка, Трајча Давидовски.

Тој нагласи дека оваа ревија е од исклучителна важност за пензионерите, бидејќи дава придонес во зачувувањето на културната традиција, во негување на фолклорот, дава можност за дружење, социјализација и подолг и поквалитетен живот на пензионерите.

Присутните ги поздрави и кривопаланечкиот градоначалник, Сашко Митовски нагласувајќи дека делувањето на пензионерите е од особено општествено значење.

-Чест ми е што, како општина денес сме ваши домаќини и што ќе имаме можност да проследиме еден настан што значи содржина во секоја смисла на зборот, бидејќи вашата возраст дополнета со неуморност, е вистински пример за секој човек, како треба да се живее животот во третата доба.

Своето знаење, мудрост и искуство ги вградивте во темелите на нашата држава.

Како највозрасни и најискусни граѓани на заедницата, Вие сте дел од нашиот живот како непресушен извор на поуки за животот.

Токму затоа и треба да се грижиме за вас,  бидејќи не смееме да  заборавиме дека токму оваа генерација граѓани на свои плеќи понесе најголем товар во историјата за да денес сите ние го живееме ова време со придобивки.

Крива Паланка е една од првите општини во државата, но и општина за пример во пружањето нега и грижа за возрасните лица, благодарение на одличната соработка со Црвениот крст, кој го имплементира проектот за грижа за стари лица во домашни услови. Волонтерите и сертифицираните негуватели се  пример за тоа, како треба секој од нас со сочувство и љубов да се однесува кон возрасните.

А во контекст на долгорочно решение за обезбедување квалитетни услуги за највозрасните и подобрување на квалитетот на живот на пензионерите, општината ќе отпочне постапка за изградба на дом за стари лица.

Во моментот се проектира еден блок од интернатот и  се очекува во договор со МТСП во 2023 година да се отпочне со реконструкција и подготовка.

Свесен сум дека личниот влог на секој од вас е огромен и затоа,ние помладите  должни сме да ви изразиме неизмерна почит и благодарност.

Вашата неуморност и посветеност, креативност и грижата за традиционалните вредности, но и грижата за нас и нашите младинци, пренесувањето дел од тие ваши мудрости, се непроценлив допринос за сите нас.

Ве поздравувам и упатувам порака за ваша поддршка, како досега така и во периодот што следува.

Да сте здрави и насмеани“, изјави градоначалникот Митовски во своето обраќање пред присутните.

Со оваа реионална ревија започнува пролетното музичко пензионерско движење, преточено во регионални ревии, на кои пензионерите преку нивните креативни настапи, со љубов и ентузијазам, го негуваат и презентираат фолклорното наследство, обичаите и традицијата.

Големина на фонт
Контраст