Голема Еколошка акција „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД II“

На ден 6 мај 2022 година ( петок ) по вторпат  во Општина Крива Паланка  ќе се спроведе Голема еколошка акција насловена како   Генералка Викенд II како дел на кампањата „Зелена и Сончева“ и еколошката кампања на ЕУ  „Чисто како дома исто“.

Акцијата содржи три вида на активности  и тоа: собирање на оставен отпад на зелени површини, селекција на  соберен отпад и предавање на одреден селектиран отпад  на  ТСО – т.н  точки за собирање на отпад односно пунктови.

Граѓаните  можат да се вклучат во оваа акција на два начина  и тоа:

– со вклучување работно во акциите за собирање на отпад  од уредени и неуредени зелени површина во околина на своите домови , игралишта , речни корита , долови , покрај улиците и своите дворови  и други  слични локации.

– или преку  предавање  на непотребен и неупотреблив отпад од своите домови, како на пример  ( стаклени шишиња, тегли, пластични шишиња, лименки, електронски отпад, неупотребливи апарати,  неупотребливи автомобилски  гуми, хартија и  слично на определени 4   точки за собирање на отпад  односно четири  пунктови  и тоа :

  1. Паркинг зад колективни станбени згради на ул: „Херој Карпош“
  2. Школски двор на ООУ ,, Илинден
  3. Пред Соларски мост на бетонските платформи
  4. Простор за паркирање пред автобуската станица 

Како дел од овој голем  еколошки настан во нашиот град , планирано е по завршувањето на предвидените работни теренски  активности,  да се реализира   локална холистичка  еко прослава насловена како ,, СОНЧЕВА  ТЕПСИЈА ,,–  на која свој настап ќе имаат локални бендови и локални фолклорни друштва , општинските училишта и општинската предучилишната установа

Оваа еко прослава ќе се организира на новиот градски плоштад  во нашиот град, во временскиот период од 12:00  до 13:30 часот.

Во акцијата ќе се вклучат голем број на установи, организации, компании, граѓански здруженија и клубови од нашата општина

Ве повикуваме почитувани граѓани, заедници на станари да покажете општествена одговорност и да се вклучите во оваа еколошка акција.

Вашето учество може да го пријавите на контакт телефонот 075 236 557  каде може да добиете и повеќе податоци во врска со оваа еколошка акција.

 ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА

Големина на фонт
Контраст