Акција за ново хртикултурно уредување во Крива Паланка

Општина Крива Паланка во акција со ЈП Комуналец, започна акција за ново хортикултурно уредување на површни во централното градско подрачје и покрај речното корито на Крива река.

Во оваа акција ќе бидат опфатени зелените површини на Градскиот плоштад и парк, како и просторот за рекреација во речното корито на Крива река,  со засадување на нови цвеќиња,украсни садници и нискостеблести растенија  отпорни на климатските услови со модерни декоративни форми и урбано зеленило.

Општината со овој зафат ќе го подобри градското зеленило, ќе ги разубави јавните зелени површини, со цел подигање на стандардите на  живеење на граѓаните и креирање на нова убава слика на нашата Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст