Отворена изложбата на народни носии во НУ Центар за култура Крива Паланка

Денес во просториите на НУ Центар за култура во Крива Паланка беше отворена изложбата на фотографии од приватната збирка на народни носии од младиот собирач и колекционер, Љупчо Милошевски од Струга.

Оваа несекојдневна и интересна изложба на народни носии е со наслов од „Од Љубаништа до Дебар“ а идејата е инспирирана од преубавите носии на брсјачката и дебарско реканската етнографска целина, односно од преубавиот предел по течението на реката Дрим.

Сите кривопаланчани, кои  ќе сакаат да ја посетат оваа изложба, тоа ќе можат да го сторат секој работен ден од 08.00 до 15.00 часот, се до 05.05.2022 година.

Организаторот, НУ Центар за култура во Крива Паланка се заблагодари на Министерството за култура  за помошта во реализација на проектот за превземање на изложбите и наведува дека идејата била да се прикаже разновидноста на мотивите на традиционалното текстилно ракотворство и облека од крајот на 19 и почетокот на 20 век и да ја истакне улогата на фотографијата при истражување и реконструкција на народните носии. Со тоа фотографиите, покрај уметничка, имаат и документарна вредност.

Големина на фонт
Контраст