Градоначалникот Сашко Митовски во работна посета на противпожарната единица

Градоначалникот Сашко Митовски денес ја посети Tериторијалната противпожарна единица од Крива Паланка со цел директно  да се запознае со активностите и  состојбите во ТППЕ и да се информира за нивните потреби.

Во разговорот со командирот на единицата, Иле Коцевски и пожарникарите, градоначалникот беше информиран за опременоста на единицата, која е клучна во извршувањето на професионалните задачи во спасувањето на граѓаните и нивните имоти при пожари, природни катастрофи и елементарни непогоди. Со донации од Владата на Република Северна Македонија и општинскиот буџет, единицата е во добра состојба, но се уште има потреба од осовременување на техничката опрема. Градоначалникот Митовски рече дека кривопаланечките пожарникари кои досега во повеќе наврати ја потврдиле својата способност и пожртвуваност, секогаш ќе ја имаат неговата поддршка и поддршката од Општината, во насока на изнаоѓање начини за финасирање и осовременување на техничката опрема и сите други потреби на единицата.

Во рамки на средбата, Митовски имаше можност да направи увид во новата опрема на ТППЕ- Крива Паланка, која е обезбедена  од преку проект за меѓуопштинкска соработка со општина Ранковце, а по јавен повик на УНДП.

Со меѓуопштинскиот проект, насловен како „Безбедни граѓани и заштитени ресурси како предуслов за оддржлив развој“  се врши опремување на двете ТППЕ со техничка опрема за интервенција во случаи на елементарни непогоди, како и креирање на мобилна апликација за дојава и алармирање за пожари и други непогоди  и изготовка на функционална стратегија за кризен менаџмент за целиот микрорегион Крива Паланка-Ранковце, заради интегриран пристап на заедниците во случај на елемнтарна непогода во целиот микро регион. Прокетот ќе се реалзира со финасиска поддршка од Бирото за регионален развој и МЛС.

Преку овој проект, двете противпожарни друштава се опремија со машини за сечење на стакло, моторни пумпи за испумпување на вода, дувалка за гасење пожар, мултифункционална пила за сечење, напртњачи за вода, дувалки за воздух за гасење пожар, убодни пили за сечење на  метал и бетон, провпожарни црева, огноотпорни чизми  и дрон за снимање на терен за двете противпожарни друштва.

Големина на фонт
Контраст