Отпочнаа градежни активности за изградба на улица Пиринска во населба Единство

Денес градоначалникот Сашко Митовски заедно со стручните служби од општината, извршија увид во воведните градежни активности за реализација на проектот за реконструкција и рехабилитација на пристапен пат во населба „Единство“, или попрецизно, пристапен пат од поранешен Ловечки дом до м.в. Радевска маала  и улица „Пиринска“.

Реализацијата на овој проект ќе се одвива во две фази, каде е предвидено асфалтирање на улица „Пиринска“ и реконструкција и рехабилитација на пристапен пат до м.в. Радевска маала.

Изведувач на работите е градежната оператива на Маљоку ДООЕЛ, а средсвата за реализација на овој проект се во износ од 3.315.873 денари, од кои 2.000.000 се обезбедени од Министерството за транспорт и врски, преку програмата за поддршка на имплементација на декадата на ромите и 1.315.873 денари од буџетот на општина Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст