Градоначалникот Митовски во обиколка на завршните градежни активности на пристапниот пат кон новите градски гробишта

Градоначалникот Сашко Митовски, денеска беше во теренска обиколка на завршните работни активности за изградба на пристапниот пат кон новите градски гробишта во општината.

Митовски директно направи увид во динамиката на завршните активности за изградбата на оваа модерна патна инфраструктура, со патека за пешаци, потпорни ѕидови и паркинг простор кој одговара на потребите на локалитетот.

Сите пропратни градежни активности и асфалтирањето на илицата  се завршени согласно временската динамика на изведба, а до свеченото пуштање во употреба на пристапниот пат, останува да се завршат одредени мали градежно-занатски работи и да се изврши вертикалното поставување и хоризонтално одбележување на сообраќајната сигнализација.

Инвестицијата за овој проект е во висина од 198 илјади евра, а средства се обезбедени преку Министерството за транспорт и врски, во рамки на проектот за поврзување на локалните патишта, со заем од Светска банка.

Големина на фонт
Контраст