Покана за учество во манифестацијата „ВЕЛИГДЕНСКА ТРАДИЦИЈА” 2022

Приближува големиот верски празник ВЕЛИГДЕН, кој ги поврзува минатото и сегашноста и ја сплотува традицијата и младоста.  Да ја зачуваме и продолжиме традициjата понатаму, Општина Крива Паланка заедно со ЛУ Градски Музеј – Крива Паланка традиционално ја  организираат манифестација: “Велигденска традиција” која ќе се одржи на ден 26.04.2022 г. (вторник) во 11:00 часот – втор ден Велигден во дворот на ЛУ Градски Музеј – Крива Паланка.

Ве покануваме да земете учество во манифестацијата „ВЕЛИГДЕНСКА ТРАДИЦИЈА 2022“ на  ден 26.04.2022г.  (вторник ) во 11:00 часот со ваши лични или колективни (групни) изработки. Манифестацијата е од натпреварувачки карактер и ќе бидат доделени награди во две категории:

  1. Најубаво велигденско јајце (I,II и III ) место
  2. Најцвртсто јајце (натпревар)

Сите изработки  треба да  бидат означени со ваша шифра која ќе си ја изберете. Изборот за најубааво велигденско јајце ќе го направи однапред формирана тричлена жири комисија.

Сите заинтересирани може да се ријават во просториите на ЛУ Градски Музеј-Крива Паланка, секој работен ден од 08 до 16 часот, лице за контакт: Наталија Милковска (071 353 045),e-mail: [email protected] или на денот на манифестацијата до 10:00 ч

За сите информации околу манифестацијата може да се информирате и на ФБ страните:  Gradski muzej, Gradski Muzej Kriva Palanka и Култура општина Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст