Продолжува процесот на ефикасно решавање на статусот на бесправно изградени објекти во Општина Крива Паланка

Општина Крива Паланка продолжува со брза реализација на пороцесот на решавање на најгорливиот проблем за легализација на бесправно изградените објекти и денес, од страна на градоначалникот Митовски, беа врачени новиот сет на  Решенија за легализација.

Проблемот со легализација на бесправно изградените објекти датира уште од 2011 година, а со почетокот на мандатот на градоначалникот Сашко Митовски започна и конкретното решавање на истиот, со нов пристап и забрзана динамика.

За таа цел, по иницијатива на градоначалникот Митовски, од страна на стручните соработници од Одделението за урабанизам, беше изготвен акционен план за забразано утврдување на статусот на бесправно изградени објекти, кој сега дава одлични резултати и наиде на огромно задоволство од страна на засегнатите граѓани.

Градоначалникот Митовски пред присутните граѓани изјави дека, решавањето на долгогодишните проблеми на граѓаните, е во фокусот на неговата работа на функцијата градоначалник и затоа, во заеднички сили со општинската администрација и стручните служби постави нов принцип на приоретизација на проблемите и нивно ефикасно решавање.

Решавањето на предметите се одвива брзо и ефикасно, со што ја подигаме  и довербата во нашата институција, а за тоа сведочи задоволството на граѓаните кое е видливо, изјави градоначалникот Митовски во своето обраќање пред присутните граѓани.

Големина на фонт
Контраст