Потпишан договор за ангажирање на осудени лица за потребите на ЈП Комуналец

Градоначалникот Сашко Митовски денес потпиша договор за деловно-техничка соработка со КПУ Затвор Куманово отворено одделение Крива Паланка. Во име на КПУ Затвор Куманово договорот го потпиша директорот Ненад Цветковиќ.

Склучен е договор за ангажирање на осудени лица, кои отслужуват казна во отвореното одделение во Крива Паланка за потребите на ЈП Комуналец Крива Паланка.

Осудените лица од КПУ Затвор Куманово отворено одделение Крива Паланк,а ќе бидат ангажирани во извршување на општокорисна работа, преку која им се помага на овие лица во процесот на нивната ресоцијализација и реинтеграција во општеството, а воедно, преку овоие активности, се дава значителен придонес за одржување хигиена и на почиста животна средина.

КПУ Затвор Куманово има спроведено неколку вакви акции, кои наидоа на позитивна реакција од сите граѓани, а планираат со истите да продолжат и во иднина.

Големина на фонт
Контраст