Во тек е поставување на сообраќајна сигнализација во Крива Паланка

Општина Крива Паланка започна со поставување вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација на улицата „Свети Јоаким Осоговски“ на потегот од мотелот „Македонија“ па се до Станица за технички преглед.

Динамиката на оваа активност ќе се одвива зависно од временските услови во наредните 3-4 дена и затоа повторно,упатуваме апел до сите учесници во сообраќајот, за внимателно движење додека се одвиваат овие активности на ул.„Свети Јоаким Осоговски“.

Големина на фонт
Контраст