Општина Крива Паланка доби ново возило за чистење на снег

Општина Крива Паланка, изврши набавка на ново мултифункционално возило за чистење на снег со комплетна опрема. Новото возило за чистење на снег е опремено со дополнителна опрема, нож за чистење и соларка и ќе биде предадено на јавното претпријатие  „Комуналец“ од Крива Паланка, со што значително ќе се  олесни работата на јавното претпијатие во снежни усллови.

Вкупната вредност на возилото за снег со придружната опрема изнесува 2.594.546.00 денари без ДДВ, а Финансиските средства за возилото се обезбедени преку Бирото за регионален развој, преку проектот „Безбеден сообраќај во зимски услови во општина Крива Паланка, аплициран  во рамки на програмата за намалување на диспаритети помеѓу планските региони.

Со новото возило за чистење снег, кое е погодно за користење во речиси сите делови од градот, ќе се подобрат активностите на ЈП Комуналец  за зимско оджување, а  воедно се подобрува и  техничаката опременост и се модернизира возниот парк на претпијатието.

Општина Крива Паланка продолжува континуирано да се грижи за потребите на јавното претпријатие  за зголемување на капацитетите на возниот парк, а воедно води грижа за подобрување на генералната слика, на убава и почиста Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст