Градоначалникот Митовски учествуваше на четвртиот регионален настан по повод Меѓународниот ден на Ромите, 8 Април

Градоначалникот на Општина Крива Паланка учествуваше на четвртиот регионален настан по повод 8 Април- Меѓународниот ден на Ромите одржан во општина Шуто Оризари во рамки на #ROMACTED програмата.

Митовски беше претставник од локалните акциски групи на заедницата и општинските контакт точки заедно со првите луѓе на Општините Шуто Оризари и Велес.

Општина Крива Паланка годинава за првпат е дел од проектот РОМАКТЕД кој како дел од заедничката програма на Советот на Европа и Европската Унија има за цел да го промовира доброто владеење и зајакнување на положбата на Ромите на локално ниво.

Со овој проект во општината ќе се донесе заеднички акциски план со детектирани потреби на Ромите во Крива Паланка во различни оппштествени области.

По усвојувањето на овој план од страна на Советот на Општината, очекуваме Советот на Европа и Европската Унија кои го финансираат проектот, да поддржат и финансираат дел од овој акциски план, со што заеднички, со заложбите на локалната власт ќе придонесеме за подобрување на квалитетот на живеење на ромската заедница.

Големина на фонт
Контраст