Општина Крива Паланка ќе го подобрува општинското буџетирање со проект на УСАИД

Денес градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, потпиша Меморандум за соработка Агенцијата на САД за меѓународен развој USAID North Macedonia (УСАИД) со кој преку Проектот за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите ќе се обезбедат подобри услуги за граѓаните.

Општина Крива Паланка е дел од новите дваесет и четири партнер-општини клои ќе работат на зголемување на  локалниот капацитет за собирање и самостојно управување со ресурсите за да се обезбедат подобри услуги за граѓаните.

На настанот присуствуваше и Амбасадорката на САД во Северна Македонија, Кејт Мари Брнз.

-Како ваш стратешки партнер, владата на САД продолжува да ги поддржува напорите за попросперитетна и стабилна демократија цврсто вградена во евроатлантските институции. Со нашата соработка ги унапредуваме реформите за децентрализација, добро владеење, владеење на правото и антикорупција, неопходни за да се постигне интеграција и да се подобри животот на граѓаните на  Северна Македонија. Критичен аспект на реформскиот процес е создавањето ефикасни и ефективни владини институции, и на локално и на национално ниво. Ова го вклучува зголемениот локален капацитет за собирање и самостојно управување со ресурсите за да се обезбедат подобри услуги за граѓаните, рече Брнз.

Градоначалникот Митовски со Меморандумот за соработка се обврза на: подобрување на квалитетот на даночните системи, зајакнување на оперативниот капацитет на даночната администрација, подобрување на способностите на локалните власти за планирање и  управување и спроведување на јавните средства.

Нови партнер општини од проектот за зајакнување на капацитетите и искористување на ресурсите на Агенцијата на САД за меѓународен развој USAID North Macedonia (УСАИД)  се: Арачиново, Берово, Битола, Босилово, Брвеница, Виница, Град Скопје, Дебарца, Делчево, Демир Капија, Зрновци, Јегуновце, Кочани, Крива Паланка, Липково, Мак. Брод, Новаци, Ново Село, Охрид, Прилеп, Радовиш, Ранковце, Ресен, Теарце.

Покрај тоа, настанот опфати презентации за Извештајот за клучните предизвици и препораки за подобрување на процесот на буџетирање и Извештајот за меѓувладините капитални трансфери до единиците на локалната самоуправа.

Големина на фонт
Контраст