Координативен состанок на Локалениот совет за превенција

Во Општина Крива Паланка денес  беше одржан работен состанок на Локалниот совет за превенција.

Покрај членовите на Локалниот совет за превенција што го сочинуваат претставници на Министерството за внатрешни работи, претставници на Советот на општина, присувствуваа и директорите на воспитно образовните институции од општината.

На состанокот беа разгледани повеќе теми од областа на безбедноста, со цел да се детектира, анализира и согледа актуелната состојба од аспект на превенција и подобрување на безбедноста од специфични области и специфични проблеми  од животот на локалното население, особено на младата популација.

Од страна на присутните директори на училиштата беше истакнато дека постојат помали специфични безбедносни ризици детектирани кај младите, особено во делот на сајбер насилството, појавата на булингот и врсничкото насилство, семејното насилство, но и дека самите институции со помош на стручните служби, превземаат мерки на превенција за подобрување на состојбата и безбедноста во училиштата.

На крајот од седницата произлегоа неколку заклучоци се со цел да се преземат мерки на сите нивоа на образование и воспитание, за едукација, превенција и заштита од сите видови на насилство и закани по безбедноста  на младите, како и децата од најмала возраст.

Големина на фонт
Контраст