Одбележан Денот на шегата во Крива Паланка

И покрај најавеното одложување на манифестацијата „Првоаприлски маскенбал“, поради сериозните најави за силно невреме, Општина Крива Паланка сепак успеа да организира дел од програмата за одбележување на овој убав настан за наjмладите, Денот на шегата-1ви Април.

Маскираните ученици од одделенска настава од ООУ „Јоаким Крчовски„ и ООУ„ Илинден“, како и дечињата од детската градинка „Детелинка“  продефилираа низ централната улица и градскиот плоштад,  при што беа поздравени од присутните граѓани, баби и дедовци кои беа воодушевени од  детската креација на маски.

Oпштина Крива Паланка, за реализација на овој весел настан планираше богата културно-забавна програма за најмладите со перформанс на кловнови и жонглери и настап на детскиот хор „Златно славејче“, но поради сериозните најави за силно невреме, бевме принудени во прв момент да се погрижиме за заштита на здравјето на нашите најмлади членови на локалната заедница, и донесовме одлука да ја одложивме манифестацијата. Но паради денешните поповолни временски услови, сепак  одлучивме со мала модификација да реализираме дел од програмата за настанот, а се во насока да ги израдуваме дечињата и да ја испочитуваме креативноста во изработката на прекрасните маски на сите млади учесници и нивните ментори,  во денешниот весел настан.

Општината упатува голема благодарност за разбирањето и кооперативноста на сите учесници и соработници кои учествуваа во одбележувањето на 1-ви Април-Денот на шегата.

 

Големина на фонт
Контраст