Објавен конкурс за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2022/2023 година во Република Северна Македонија

Министерството за образование и наука, денес  го објави  Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта во учебната 2022/2023 година во Република Северна Македонија

Според објавениот Конкурс во СОУ „Ѓорче Петров“ Крива Паланка, во прва година ќе се запишат 261 ученици во 9 паралелки со настава нa македонски јазик, а врз основа на утврдените наставни планови и програми, ќе се запишат следниот број ученици:

 Во гимназиско образование – 136 ученици, 4 паралелки, со 60 поени минимум.

Вкупно 5 (пет) дуални паралелки со следниве стручни струки:

Машинска струка – 25 ученици, 1 паралелка и  со 45 поени минимум
– машински техничар во (соработка со ДЕМА-СТИЛ ДОО Крива Паланка)

Електротехничка струка – 25 ученици, 1 паралелка и  со 55 поени минимум
– електротехничар за компјутерска техника и автоматика во соработка со ДЕМА-СТИЛ ДОО Крива Паланка.

Угостителско – туристичка струка – 25 ученици, 1 паралелкаи со 30 поени минимум
– келнер/ слаткар/ готвач во  соработка со ПАРК ГИНОВЦИ ДООЕЛ.

Здравствена струка – 25 ученици, 1 паралелка и  со 70 поени минимум
– медицинска сестра во соработка со Медицински центар Крива Паланка.

Градежно – геодетска струка – 25 ученици, 1 паралелка со 45 поени минимум
– Градежен техничар во соработка со ЈП „Комуналец“ Крива Паланка и „Хантерс“ ДООЕЛ Скопје.

Врз база на процесот за унапредување на средното стручно образование, што го започна  Министерството за образование и наука со поддршка на Швајцарската амбасада, Општина Крива Паланка, од минатата година започна со реализација на проектот за дуално образование. Од тогаш во поголем дел од струките во средното училиште во Крива Паланка, беше воведен концептот на дуално образование, што подразбира повеќе практична настава за учениците директно на работно место, а помалку изучување теорија.

Транспарентниот социјален дијалог, што Владата и МОН го реализираа заедно со Општина Крива Паланка, СОУ „Ѓорче Петров“,  бизнис заедницата, како и други релеватни чинители ги даде своите резултати и затоа минатата учебна година во СОУ „Ѓорче Петров“,беа запишани поголем број ученици во средно стручно образование со вкупно четири дуални паралелки.

Овој процес продолжи успешно да се спроведува во Општина Крива Паланка и се покажа како одличен механизам за дизајнирање на новите образовни профили согласно потребите на пазарот на трудот и затоа во наредната учебна година (2022/2023) се воведува дуална паралелка и од градежната струка и здравствена струка што всушност е нотирано и во погоре објавениот Конкурс.

Општина Крива Паланка активно го спроведува овој модел на создавање што подобри можности за младите, зошто врвен приоритет, е да се намали невработеноста, а младите да ги задржиме тука.

Конкурс за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2022/2023 година во Република Северна Македонија

Големина на фонт
Контраст