Партнерите од Еразмус+ програмата во посета кај градоначалниот Митовски

Наставници од Турција, Романија, Италија и Словачка кои се партнери на ООУ „Јоаким Крчовски “ во проектот Еразмус + „ Една мисија, една визија, еден фокус “, денеска беа во пријателска посета кај градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

Изразувајќи им топло добредојде во градот и државата, градоначалникот  Митовски нагласи дека размената на искуствата, знаењата, заедничката интерактивна настава и активностите во рамки на проектот, претставуваат  огромен капитал на знаење на наставниците,професорите и учениците.

Во рамки на средбата, градоначалникот Митовски ги запозна своите гости со основните карактеристики на  локалната самоурава, а се говореше и за условите во кои учат основците од Крива Паланка.

„Ние како општина ги поддржуваме сите проекти кои се во интерес на учениците и наставниците во областа на образованието, а  едукацијата на младите кадри е од особено значење за целото општество – истакна Митовски.

Координатор на проектот  од Еразмус + „ Една мисија, една визија, еден фокус“ е,  Габриела Стојановска- професор по македонски јазик и литература од ООУ „Јоаким Крчовски“.

Како што изјави координаторката  проф. Габриела, во рамките на овој проект  се разработува темата за децата со посебни потреби, поконкретно се работи за социјални потешкотии на деца  со посебни потреби.  Во проектот се вклучени вкупно 15 настаника од ООУ ,,Јоаким Крчовски“ кои во наредните пет дена зааедно со своите колеги од државите- партнери, ќе реализират активности од проектот, а воедно на гостите ќе им биде овозможена и посета и на културно историските атрактивности во Крива Паланка и Скопје.

Големина на фонт
Контраст