Антонио Давитковски е избран за нов Секретар на Општина Крива Паланка

Со одлука на градоначалникот Сашко Митовски и согласно Закон, за нов Секретар на Општина Крива Паланка е назначен Антонио Давитковски, кој досега ја извршуваше функцијата раководител на Одделението за јавни дејности, економски развој и информатичка технологија.

Досегашната одлична соработка беше на високо ниво и така ќе продолжиме и во понатамошниот период со цел Општина Крива Паланка да има стручна, професионална и одговорна администрација, која ќе биде во функција на граѓаните.

-Продолжуваме да работиме со несмалчен интензитет на нови проекти за развој на општината, изјави градоначалникот Митовски.

Големина на фонт
Контраст