Одржана првата седница на Локалното собрание за млади на Општина Крива Паланка

Локалното собрание за млади на Општина Крива Паланка, денеска во салата на Општина Крива Паланка ја одржа првата седница, на која за записничар е избрана Тамара Илиевска, од Црвен Крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Крива Паланка.

На првата седница беше усвоен Деловник за работа на Локалното собрание на млади на Општина Крива Паланка.

На оваа седница се донесе и Одлука за распишување на јавен повик за избор на членови на Совет на млади, согласно Статутот на Општина Крива Паланка и Законот за младинско учество и младински политики.

Претседавачот на Локалното собрание за млади  во соработка со службеникот за млади, претставник на Општина Крива Паланка, ќе распише јавен повик за номинирање членови на Совет на малди на Општина Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст