Конститутивна седница на Локалното собрание на млади на Крива Паланка

Локалното собрание за млади на Општина Крива Паланка, денеска во салата на Општина Крива Паланка ја одржа конститутивната седница, на која за претседавач е избрана Ангела Тасевска, од Центар за младински иницијативи „ЦИК-ЦАК“ Крива Паланка.

На конститутивната седница беше избрана комисија која до првата седница на Локалното собрание на млади има за задача да подготви Деловник за работа на Собранието. Во неа членуваат: Никола Герасимовски, Искра Димитриевска и Михаил Давитковски.

Освен оваа, избрана е и Комисија одговорна за следење на целокупниот процес за избор на членови на советот на млади, во состав: Филип Пејчиновски, Јован Стамболиски и Доминик Николовски.

Со формирањето на Локалното собрание за млади, продолжува постапката за избор на членови на Совет на млади, утврден со Законот за младинско учество и младински политики.

Задача на членовите на Локалното собрание за млади е во соработка со службеникот за млади, претставник на Општина Крива Паланка, да распише јавен повик и да избере членови на Советот на млади на Општина Крива Паланка . Одлуката за распишување јавен повик за номинирање членови на Совет на малди на Општина Крива Паланка ќе се донесе за неколку денови на првата седница на Локалното собрание за млади.

На конститутивната седница на Локалното собрание на млади кратко обраќање имаше и градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски кој им го честиташе членството на делагатите и заменици делагати на собранието и им посака плодна и успешна работа во креирање на младинските политики.

Големина на фонт
Контраст