Се одржа „Невестинско поклонение“ 2022

Бројни граѓани, посетители и жители на Крива Паланка и регионот беа дел од  манифестацијата „Невестинското Поклонение“ во црквата св.Теодор Тирон во село Конопница, што се одржа вчера, ден по Тодорова сабота.

На годинашната  културна манифестација учествуваа три невести: Симона, Моника и Тамара со своите свекрви.

Манифестацијата е инспирирана од древен обичај кој се практикувал за време на соборот пред црквата св. Теодор – Тирон, се до 1977 година кога обичајот е целосно е замрен. 33 години подоцна, на моја иницијатива, обичајот е возобновен во една од најатрактивните културни манифестациии од национален интерес во регионот.

Покровител на манифестацијата е Општина Крива Паланка, организатор е ЗГ „ПАТНИК“, а за одржување на истата се погрижија Национална устанива Центар за култура, Крива Паланка, Локална установа Градски музеј, Крива Паланка и ОО на Црвен крст во логистичка поддршка и МПЦ, Кумановско-Осоговска епархија, кривопаланечко архиерејско намесништво.

-Многу с ерадувам што дворот на црквата е преполн и манифестацијата продолжува, по пауза заради Ковид пандемијата. Оваа година е воведен и нов момент, доделување специјален беџ со лого на поклонението, од покровителот на настанот. Се надевам овој настан што е културен бренд на општината ќе бид еподдржан и препознаен и ќе прерасне во туристчки бренд, ќе привлече голем број посетители и учеснички од разни краеви, во иднина, рече иницијаторот за обнова и организатор на „Невестинско поклонение“, Стојанче Величковски.

На манифестацијата присуствуваа: Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, претседателката на општинскито Совет и советниците, бројни граѓани и гости.

-Особено сум горд што како општина имаме вакви манифестации што ја оживуваат традицијата и ја бојат историјата во боите на богатата  Македонска фолклорна ризница и ги негуваат вредностите кои не одликуваат како народ и нација. Општината е покровител и ќе продолжи да ја поддржува  зашто е нешто што не прави препознатливи и ги промовира семејните вредности. Го промовира соживотот во самата семејна клетка како важна алка на социјалниот живот, изјави Митовски.

Рече, во пeриодот што следува ќе работат на што поголема промоција на оваа традиција, за  манифестацијата да привлече што повеќе гости и учесници во иднина, со што ќе се промовира и општината.

По поклонението невестите и свекрвите присуствуваа на молитва за зајакнување на брачните врски, по што следуваше водосвет во дворот на црквата и поклоненичко оро.

За културно-забавниот дел на манифестацијата беа задолжени Шоу-бендот „Три шешира“ со дел од бендот на „Мерак Меана, во придружба на Трајче Мајка и Влатко Комненовски, како и играорците од КУД „8 Октомври“.

Големина на фонт
Контраст