Известување за отпочнување на постапка за експропријација на имот, поврзано со реализација на Проектот Изградба на Железнички Коридор 8 – Источна секција

Јавното претпријатие за железничка инфраструктура – Железници на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека во наредниот период ќе ја отпочне постапката за експрорпијација на имот, поврзано со реализација на Проектот Изградба на Железнички Коридор 8 – Источна секција.

Во деновите 10.03.22 (четврток) од 9 до 18 часот и 11.03.22 (петок) од 8 до 16 часот, во малата сала за состаноци на Општина Крива Паланка, сите заинтересирани може да направат увид во проектната документација, во присуство на стручни лица од компанијата.

ЈП ЖРСМ Инфраструктура
Директор
д-р Хари Локвенец

Големина на фонт
Контраст