Јапонскиот амбасадор во посета на Општина Крива Паланка

Во официјална посета на Општина Крива Паланка денеска беше Амбасадорот на Јапонија во РС Македонија, Н.Е. Хиронори Савада. Целта на посетата е потпишувањето договор за грант, поддржан од ГГП Програмата за мали проекти на Јапонската Амбасада, со кој ќе се изврши реконструкција во детската градинка „Детелинка “, објект ,,Пролетна роса“ со вкупна вредност од 53 306 илјад евра.

Договорот го потпишаа амбасадорот Савада и директорката на градинката, Јакимовска, а на настанот присуствуваше и градоначалникот Сашко Митовски, со кого Савада претходно имаше протоколарна средба во кабинетот на градоначалникот.

Градоначалникот Митовски имаше свое обрашање пред гостите и медиумите во кое нагласи дека Општина Крива Паланка по втор пат ја доби довербата од Јапонската амбасада и стана корисник на грант од ГГП програмата за мали грантови, со која Амбасадата на пријателска Јапонија и нејзиниот народ,  дадоа потврда на силното пријателство, помагајќи на Крива Паланка во нејзиниот развој и унапредување на условитеза живот.

-„Во 2021 година со грант од 60.000 евра Јапонската амбасада донираше комунално возило за смет за Јавното претпријатие Комуналец и директно помогнавте во зачувување на животната средина во општината, а денес, на наше големо задоволство,  го потпишуваме проектот за реконструкција во детската градинка Детелинка.

Проектот ќе придонесе за уште подобри услови за згрижување на најмладите жители на општината и ќе го подобри квалитетот на услугите на оваа општинска установа. Грижата за најмалите е наша должност и обврска и Вие директно помогнавте во оваа наша посветеност кон подобра иднина за сите дечиња.

Со ова, недвојбено се потврдуваат добрата волја на Јапонскиот народ и одличната соработка со која во континуитет ја одржуваме и ќе ја надградуваме и во иднина“, изјави градоначалникот Митовски.

По потпишувањето на договорот, Н.Е.Савада искажа надеж дека овој грант за обнова и реконструкција на кујната и тоалетите и другите физички простории во градинката „Детеленка“ ќе се подобрат условите и  услугите на оваа општинска установа.

-,,Со модерано уредена и реконсструирана кујна, градинката ќе нуди храна според сите стандарди, а реновираните тоалети ќе овзможат унапредување на хигиената и подобар престој, а ове услови се клучни за правилниот раст и развој на најмладите во општината“, Изјави амбасадорот Савада.

Во оваа свечена прилика, директорката на детската градинка „Детелинка“, г-ѓа Мирка Јакимовска се обрати пред присутните и рече:

-„Ми претставува огромна чест и задоволство што сте тука присутни по повод овој голем успех за нашиот град!

Велат битките се добиваат доколку имаш стратегија, доколку имаш план, но со гордост можам да кажам дека оваа битка ја добивме  со вашата несебична подршка, упорност, креативност..

Ваша Екселенцијо Г-не Савада дозволете ми во мое лично име, во името на мојот тим и сите кој дадоа свој придонес да ви се заблагодарам за подршката која претставува непроценлив успех во секоја смисла на зборот! Голема благодарност и до јапонскиот народ за хуманостоста, грижата и вербата која ја има во нашата држава за подобрување на секојдневното живеење.

Нашиот град  се гордее што оваа е втора донација од Јапонската амбасада што уште еднаш докажува дека соработката е на највисоко можно ниво за коешто сме посебно благодарни.

Верувајте сето ова немаше да биде реалност без вашата несебична подршка.

Горда сум што сум дел од успешени посветен тим кој се стреми кон повисоки вредности и нашата соработка нема да сопре со овој проект, да се надеваме дека ќе продолжиме и понатаму…

Уште еднаш ви благодарам и во име на сите дечиња кои безгрижно го живеат својот сон!

Големина на фонт
Контраст