Продолжува ефикасноста во решавање на статусот на бесправно изградени објекти во Општина Крива Паланка

Продолжува реализацијата на динамичниот план за решавање на статусот на бесправно изградени објекти во Општина Крива Паланка.

Процесот на решавање на еден од најгорливите проблеми на граѓаните беше забрзан во изминатиот период, а градоначалникот и општинските служби ги врачија вториот сет нови решенија доделени во период од еден месец.

Градоначалникот, Сашко Митовски, посочи дека со несмален интензитет стручните комисии во општината работат на решавање на еден од најгорливите проблеми на граѓаните што се провлекува изминатата деценија.

-Како што се обврзав стапувајќи на функцијата во ноември, кога затекнав околу 1 600 нерешени предмети за легализација, заедно со мојот тим за работа и стручните соработници од Одделението за урабанизам, изготвениот динамичен акционен план за решавање на сите заостанати предмети по однос на легализацијата на бесправно изградените објекти дава одлични резултати и задоволството на граѓаните е видно. За период од еден месец доделени се неколку стотини решенија за утврден правен статус, а работата продолжува со иста динамика, се во интерес на граѓаните, рече Митовски.

Решавањето на предметите се одвива брзо и ефикасно.

Потребите и проблемите на граѓаните, особено оние поврзани со административни процедури во надлежност на општината се решаваат во континуитет со примена на позитивни промени во решавањето на наталожените проблеми и состојби, дополни Митовски.

Градоначалникот Митовски со општинската администрација и Советот ќе продолжат да креираат доверба во институцијата.

Големина на фонт
Контраст