Градоначалникот Митовски поведе иницијатива за солидарна помош од Општина Крива Паланка за настраданите во Украина

Денес  градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски по остварен телефонски разговор со амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија, Наталија Задорожњук поведе предлог иницијатива до Советот на Општината за доделување на еднократна финасиска помош од општинскиот буџет, за настраданото население во Украина.

Оваа иницијатива, градоналникот Митовски ја превзема врз основа на одличната соработка со Амбасадата на Украина во РС Македонија и со амбасадорка Наталија Задорожњук, која е прогласена за почесен граѓанин на Општина Крива Паланка, како и плодната соработката со   збратимениот град Перечин од нашата пријателска земја Украина.

Во оваа прилика градоначалниот Сашко Митовски изјави дека, оваа голема  трагедија што ја зафати нашата пријателска земја  Украина, ни донесе немир и тага на сите, затоа токму сега кога пријателите ни се во невоља, треба да ја покажеме нашата солидарност и да изнајдеме начини да помогнеме на недолжното население и настраданите лица.

Големина на фонт
Контраст