Крива Паланка со поддршка на кампањата за ретките болести

Во боите на ретките болести вечерва ќе блесне и општинската зграда на Крива Паланка.

Општина Крива Паланка за прв пат оваа година се вклучува во одбележувањето на  Меѓународниот ден на ретките болести и ќе даде поддршка на националаната кампања „Ги запознаваме ретките болести“, а со тоа и на лицата коишто боледуваат од ретки болести.

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на ретките болести во Крива Паланка, деновиве ќе се случуваат низа на активности, а координатор и иницијатор за приклучување кон националната кампања  е проф. Лариса Жулина- Митовски од ООУ Јоаким Крчовски од Крива Паланка.

Основна цел на оваа кампања е да ја подигнеме свеста, да покажеме солидарност и да дадеме поддшка на лицата кои страдаат од ретки болести, на нивните семејства и негуватели, здравствените работници и претставниците и на општата јавност.

Во рамки на оваа кампања, во текот на утрешниот ден со почеток од 15 часот во просториите на Европската куќа во Крива Паланка, ќе се реализира панел дискусија на тема „Ден на ретките болести“, а панелист ќе биде, Гордана Лолеска, претседателка на  здружението ,,Ретко е да си редок“.

Големина на фонт
Контраст