Крива Паланка со поддршка за унапредување на средното стручно образование

Општина Крива Паланка денес беше домаќин на караванот на Министерството за образование и наука, насловен „Учи паметно работи стручно“.

На средбата, покрај заменик министерот за образование и наука Лулзим Алиу, присуствуваа и  претставници на Центар за стручно образование и обука, преставник од стопанска комора, директорите од општинските средни училишта од Кратово и Крива Паланка, претставници од приватни компании и институции од градов, претставници од платформата за јавен приватен дијалог и други гости.

Овој настан  е дел од процесот за унапредување на средното стручно образование, што го започна  Министерството за образование и наука со поддршка на Швајцарската амбасада, а се одвива под мотото „Учи паметно работи стручно“.

Основна цел на овој процес е, низ транспарентен социјален дијалог со сите чинители на општествениот живот, да се идентификуваат потребите од отворање на одредени профили и паралелки, во средните стручни училишта во градовите низ државата и во наредната учебна година.

Во рамки на настанот беа споделени и информации, кои се во интерес на подобрување на средното стручно образование, а воедно, од страна на преставници на МОН, беше презентирана  анализата на податоци за соодветноста на постојните образовни профили кои ги нудат училиштата, како и потребата од нови профили, потребни на бизнис секторот.

На овој настан, свое обраќање имаше и градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, кој пред медимите изјави:

-Концептот на спроведување на дуално образование, креиран врз база на социјален дијалог помеѓу бизнис секторот, локалните самоуправи и средните училишта, заради утврдување на реалните потреби за нови стручни профили во средното стучно образование, се покажа како одличен механизам за дизајнирање на новите образовни профили согласно потребите на пазарот на трудот,  и тој успешно  се спроведува и во нашто Средното општинско училиште Ѓорче Петров.

Како локална власт, ја поддржуваме секоја позитивна промена што е во насока на општествен напредок, а особено секоја промена која е во интерес на младите, зошто тие се во фокусот на МОЈАТА работа како градоначалник, а наша заедничка цел е да изнајдеме решенија и начини, младите да ги задржиме овде на своето место, во својата земја.

Затоа, заедно со Владата, Министерството за образование и наука,  директорката на средното училиште, бизнис заедницата, како и други релеватни чинители, Општината го започна овој проект на дуално образование, и еве после една година од почетокот на примената на овој модел, можам да кажам дека, во нашето средно општинско училште Ѓорче Петров,  во учебната 2021/22 имаме запишани ученици во 5 стручни паралелки, од кои 4 се со примена на дуалниот модел.

Исто така, сакам да истакнам, дека за прв пат оваа учебна година е воведена и паралелка од задравствената струка, со профил медицинска сестра, на општо задоволство на целиот град и во неа се запишани 28 ученика. Потпишани се и 4 меморандуми за соработка, како со медицинскиот центар, така и со приватни здравствени установи и поликлиниката Медика- С, а сите ученици имаат потпишано договори за реализација на практичната обука. Истата паралелка се очекува и во наредната година, зошто интересот и потребата на овој тип на кадри е реален, а таа може да биде и дуална.

Да потенцирам дека, засега имаме 4 диуални паралелки и тоа: Електротехничка струка, со профил комјутерска техника и автопамтика со вкупно 26 ученика, за што се склучени  договори за практична обука со ДЕМА СТИЛ ДООЕЛ. Втората дуална паралелка е машинска струка со профил машински техничар,  додека 3-тата дуална паралелка е од угодтителско-туристичката струка со профил, угостителски техничар, и се реализира во соработка со ресторант „Парки Гиновци“.

Четвртата дуална паралелка, е од профилот автомеханика, а нејзината практична работа се реализира со поддршка на АД Пролетер. За изведувањето на квалитетна настава за сите овие профили на паралелки, комплетно се уредени и опремени и соодветни кабинети согласно нивните потреби.

За следната учебна година сакаме да понудиме профил градежен техничар, зошто од досегашниот дијалог и заедничка соработа со фирмите и бизнис заедницата, детектирани се конкретни потреби од нивна страна, кои покажаа дефицит од градежни работници. Оттука, во новата учебна година,  средното училиште во соработка со МОН, ќе направи напори да се воведе градежна струка, со профил градежен техничар. И за тоа веќе имаме компании кои се спремни веднаш да обезбедат квалитетна практична обука за овој образовен профил.

Овој заеднички пристап на централната и локалната власт, заедно со бизнис секторот и образовните институции, како и посветеноста на Минитерството, во реализацијата на проектот за дуално образование, гарантира успех и сигурно постигнување на целта за стручна и професионална надградба на младите и нивна подобра конкурентност на пазарот на трудот.

Ние како локална самоуправа активно сме вклучени во спроведувањето на овој модел на создавање што подобри можности за младите, зошто наш врвен приоритет, заедно со централната власт, е да се намали невработеноста, а младите да ги задржиме тука, зошто младите се наша иднина и клуч за напредокот и прогресот на државата.

Големина на фонт
Контраст