Една година Europe House Крива Паланка

Europe House Крива Паланка денес го прослави првиот роденден. Местото на новите генерации денес на едно место ги собра Шефот на Делегацијата на Европската унија во РС Македонија, Амбасадорот Дејвид Гир, Амбасадорката на Кралството Шведска во РС Македонија, Кристин Форсгрен Бенгстон, амбасадорот на Бугарија, Ангел Ангелов, градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски и бројни гости и соработници.

Роденденската прослава започна во просториите на Europe House, а продолжи со официјален меѓународен пријателски натпревар помеѓу прволигашките тимови на Кошаркарски клуб Крива Паланка и ЖКК Локомотив, Софија, Република Бугарија.

Ние сме многу среќни кога го гледаме силниот ангажман на младите од вашиот град со реализирани стотици настани и инволвирани стотици млади од регионот на настаните кои ги организира Europe House Крива Паланка. Ова е само една инвестиција на Европската унија, а како што денес слушнав и од градоначалникот, инвестирани се многу средства во реновирањето на бројни инфраструктурни проекти, како градскиот плоштад, велосипедски патеки, пешачки патеки, но се инвестира и во зачувување на животната средина. Ова се само дел од конкретните чекори кои Европската Унија во соработка со локалните власти, со граѓанските организации и институции ги превземаат за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. Дел од тие активности се превземени со програмите за прекугранична соработка со Р Бугарија и другите соседни држави. Особено ме радува што денес ми се придружија и амбасадорот на Р Бугарија во РС Македонија и амбасадорката на Шведска, така што тоа е вистински показател за она што се нарекува “Тим Европа”, рече Гир.

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, го честиташе роденденот на Europe House, со порака дека младите и нивните перспективи се во фокусот на неговата работа.

Го честитам првиот роденден на Europe House Крива Паланка, местото кое пред само една година беше прва локација надвор од Скопје – дом на Европските идеи, како наш патоказ на доближување на Европските вредности до граѓаните.Денес, со гродост можам да кажам дека Europe House Крива Паланка е новото урбано и современо јадро за младите од општината каде се промовираат и усвојуваат Европски вредности. Сето тоа благодарение на извонредниот тим кој работи посветено со различни категории млади лица од општината и регионот, со институциите од локално и национално ниво на афирмирање на новите Европски текови, изјави Митовски.

Рече, Europe House Крива Паланка е симбол на новото утре што го градиме заеднички за Европска иднина со нови перспективи на младите, новото утре со повисоки стандарди за сите млади кои ќе ја креираат својата иднина тука, во својата држава. Од Europe House Крива Паланка истакнаа дека денес се одбележува едногодишното креирање настани, запознавање нови и млади инспиративни луѓе, зближување и разменување идеи на младите од регионот.

Денес, неколку млади од Крива Паланка имаа можност да ги покажат своите таленти и вештини пред амбасадорите на ЕУ, Бугарија и Шведска. Амбасадорот на ЕУ Дејвид Гир им врачи благодарници на младите активисти кои дадоа огромен придонес. Во склоп на прославата и симболизирајќи ја тимската работа и солидарност организиравме и меѓу граничен пријателски кошаркарски натпревар помеѓу КК Крива Паланка и КК Локомотив, Софија, истакнаа од Europe House Крива Паланка.

Евроамбасадорот Гир им се обрати на младите кошаркарки и порача дека со денешниот спортски настан се потврдува познатата максима на Нелсон Мандела дека спортот ја има моќта да го промени светот,да инспирира, да ги обедини луѓето, како малку други нешта во светот, зборувајќи им на младите на јазик којшто го разбираат.

Во рамки на прославата на роденденот ќе се реализираат филмски проекции, музички настани и дискусии со млади.

 

Големина на фонт
Контраст