Евроамбасадорот Дејвид Гир во посета на Крива Паланка

Денес градоначалникот Сашко Митовски беше домаќин на Амбасадорот на Европската унија, Дејвид Гир, Амбасадорката на Шведска во РС Македонија, Кристин Форсгрен Бенгтсон и Амбасадорот на Република Бугарија, Ангел Ангелов.

На средбата градоначалникот Сашко Митовски со амбасадорите, разговараше за значајни прашања од повеќе општествени области, меѓу кои животната средина и економскиот развој. Се разговараше  и за новите предизвици и можностите во унапредувањето на понатамошната соработка, за соработката со младите, за инфраструктурата и културата и други области во кои општината би можела да добие поддршка за реализација на повеќе проекти од европските партнери.

Во рамки на денешната посета, Амбасадотрите имаа можност да ги видат Општинските сали (голема и мала), кои беа реконстриурани и модерно опремени со средства од  ЕУ фондовите, преку имплементација на проектот-Промоција на туристички атракции во 3D – ТАП 3Д и Програмата за прекугранична соработка со Бугарија-ИПА ИНТЕРЕГ МКД-БУЛ.  А беше направена и прошетка низ градот и посета на реконструираниот Градски плоштад и парк, што Општината го имплементираше преку инструментот за претпристапна помош (ИПА 2) од ЕУ, со кофинансирање на Владата, а во рамки на проектот „Крива Паланка -Источна порта на ЕВРОПА – Туристичка фестивалска атракција“. Овој проект беше менаџиран од Светска Банка преку Единицата за спроведување на проектот „Локална и регионална конкурентност“.
Големина на фонт
Контраст