Општина Крива Паланка отпочнува со воведување на процес на дигитализација на услугите

Денес градоначалникот Сашко Митовски имаше работен состанок со претставници од Центарот за социјални иновации „Блинк 42 – 21″ со кои се разговараше за процесот на воведување на дигитализација на јавните услуги на граѓаните.

Во рамки на состанокот беше договорен начинот на воведувањето на новите иновативни дигитални алатки – мобилна и веб апликација, со цел подобрување и унапредување на двонасочната коминкација со граѓаните.

Преку иновативната мобилна и веб апликација „мЗаедница“, општина Крива Паланка ќе воспостави диретна комуникација со граѓаните, со која се овозможува двонасочна комуникација, се подобрува квалитетот на дел од услугите и се олеснува пристапот до информации за јавните услуги за граѓаните и сите релевантни чинители, а воедно се јакне и процесот на градење на довербата на граѓаните кон институцијата.

– Не застануваме тука, и како што ветив, заедно со општнската администрација продолжуваме да работиме на постојано подобрување на квалитетот, достапноста и брзината на услугите во интерес на граѓаните, затоа Oпштина Криива Паланка започнува со процесот на дигитализацијата на дел од јавните услуги во насока на двонасочна комуникација, и како Општина ќе направиме се што е во наша надлежност, за да може овој систем адекватно да се презентира и имплементира и во иднина успешно да се користи од нашите сограѓани, изјави градоначалникот Сашко Митовски.

Големина на фонт
Контраст