Врачени првите решенија за легализација на дивоизградените објекти во Крива Паланка

Денес во големата општинска сала , градоначалникот Сашко Митовски ги врачи првите Решанија за утврдување на правен статус на бесправни објекти или популарно наречени Решенија за легализација на бесправно изградени објекти.

Со овој чин на свечено врачување на Решенијата за легализација, градоначалникот Митовски на симболичен начин го означи почетокот на конкретно решавање на најгорливиот проблем за легализација на бесправно изградените објекти, кој датира уште од 2011 година.

„Откако дојдов на оваа функција затекнав околу  1 600 нерешени предмети за легализација и заедно со мојот тим за работа и стручните соработници од Одделението за урабанизам веднаш направивме еден динамичен акционен план со оптимална временска рамка со цел, во најбрз можен рок да ги решиме сите заостанати предмети по однос на легализацијата на бесправно изградените објекти.  Затоа, овој пристап и начин на работа за брзо и ефикасно решавање на долгогодишните проблеми на граѓаните, ќе биде во фокусот на мојата понатамошна  работа на функцијата градоначалник.

-Мојата цел и мојот пристап кон работата и функцијата градоначалник е храбаро, одлучено  и одговорно да се соочуваме со проблемите, а не да бегаме и да ги игнорираме реалните проблеми на граѓаните, особено тие што се поврзани со административни процедури, а се во надлежност на општината. Вие ми ја дадовте довербата и легитимитетот да се справувам и да ги менаџирам овие процеси и затоа ви се одолжувам на најдобар можен начин со примена позитивни промени во решавањето на наталожените проблеми и состојби.

Започнавме заедно и зеднички со сите вработени во општинската администрација и Советот, заеднички ќе продолжиме да ги решаваме проблемите и да креираме доверба во нашата институција“, изјави градоначалникот Сашко Митовски пред присутните.

Големина на фонт
Контраст