Отворена изложба на витражни слики во Европска куќа во Крива Паланка како дел од проектот „Редовно на часови”

Во Европската куќа во Крива Паланка отворена е изложба на уметнички витражни слики изработка од учениците вклучени во проектот „Редовно на часови” во чијашто имплементација е вклучено Општинското основно училиште „Илинден“ од Крива Паланка, кое континуирано две години работи на реализација на активности од овој проект.

Преку реализацијата на овој проект е спроведена континуирана акција за вклучување на Ромите во основното образование, а проблемот е фокусиран во делот на нивниот слаб пристап кон образовните институции, задржување и премин во погорните одделенија, особено во првиот циклус на школување, од прво до трето одделение.

Целта на проектот „Редовно на часови“  е мотивирање на децата од ромската популација, преку вклучување во различни едукативни активности, за совладување на социјализацијата и на делови од воспитно-образовниот процес, со акцент на описменување и охрабрување за понатамошно продолжување на нивното школување.

Во проектот се опфатени три компоненти и тоа: Компонента за доделување стипендии, Компонента за поддршка на ромската заедница и Компонента за поддршка на училиштата.

Како завршна активност на проектот „Редовно на часови“ е изложбата на витражни слики изработена од ученици Роми од прво, второ и трето одделение.

Директорката на ООУ „Илинден“ Марица Николовска, изјави дека фокусот на работата бил насочен кон овозможување еднаков пристап, потикнување и мотивација кај учениците за посетување и следење на настава, како и успешно завршување на учебната година.

Проектот „Редовно на часови“ е финансиран од Европската Унија, а го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија во партнерство со Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ и Здружението Центар за образовна поддршка- Дендо вас. Проектот се спроведува во соработка со Министерството за образование и наука, а како имплементатор на активностите е ООУ „Илинден“.

 

Големина на фонт
Контраст