Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски и градоначалникот Митовски ги разгледаа можностите за изградба на спортска инфраструктура во Крива Паланка

Градоначалникот Сашко Митовски денес имаше работна средба со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски.

На средбата се разговараше за можностите за изградба на фитнес зона и балон сала во Крива Паланка и воедно со директорот  Мојсовски и стручните лица од Општината беа  посетени и разгледани и локациите за изградба на предвидената спортска инфрастуктура со придружните содржини.

Финасиските средства за изградба/поставување на планираните спорски објекти и содржини ќе бидат обезбедени преку Агенцијата за млади и спорт.

-Еден од врвните мои приритети како градоначалник е, заедно со стручните служби од Општината да  продолжиме  да ја унапредуваме и осовременуваме спортската инфраструктура и да создаваме квалитетни услови за развој на современ тренинг центар за подготовки и тренизи на младите спортисти, како и подобрување и промовирање на спортската култура и здравиот начин на живот во општината, изјави градоначалникот Митовски на средбата.

Големина на фонт
Контраст