Средба на градоначалникот Митовски со министерот за локална самоуправа Милевски

Градоначалникот Сашко Митовски денес имаше работна средба со министерот за локална самоупарава, Горан Милевски.

Децентрализацијата, но и значењето и придобивките за граѓаните кои произлегуваат како резултат на плодната соработка помеѓу Општина Крива Паланка и Министерството за локална самоуправа беа во фокусот на денешната работна средба на градоначалникот Сашко Митовски и министерот за локална самоупарава, Горан Милевски.

Општина Крива Паланка и Министерството за локална самоуправа и во иднина ќе ја продолжат својата успешна соработа, а можностите за имплементирање на нови проекти за доброто на граѓаните продолжува со заеднички сили и взаемна поддршка.

Големина на фонт
Контраст