Крива Паланка и Лесковац работат на интегрирано планирање за развој на туризмот и заеднички туристички понуди

Претставници од локалните самоуправи и граѓански организации од општинa Крива Паланка и град Лесковац работат на смарт и интегрирано планирање за развој на туризмот и заеднички туристички понуди на работилницата во рамки на проектот „Да ги поврземе бисерите”.

Проектот е финансиран од Европската Унија преку програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Србија и Република Северна Македонија, во реализација на град Лесковац, Центар за развој на Јабланички и Пчињски округ и Општина Крива Паланка.

Експерти од областа на туризмот од двете држави презентираа изготвени истражувања на триесет туристички локалитети, културни манифестации и верски објекти во Лесковац и во Крива Паланка, на чијашто понатамошна континуирана надградба како туристичка понуда ќе се работи.

– Наброените локалитети, по 15 од двете страни на границата, се поделени во неколку категории, за коишто се планира да се поврзат во заедничка понуда на двете општини, со цел развој на спортско рекреативен туризам, излетнички, верски, културен, манифестациски и рурален туризам. Исто така, направени се и листи на локалитети и предлог локации за  дополнителен развој. Ова е драфт верзија на чијашто понатамошна разработка ќе се ангажираат вклучените учесници за да може да се интегрираат во онлајн содржини за осмислена туристичка понуда, информираат надлежните лица за имплементација на проектот.

Во рамки на проектот во Крива Паланка како инфраструктурна компонента се гради патека кон туристичкиот локалитет Станечки водопади што ќе се уреди со урбана опрема, патеката ќе води кон Ловечка куќичка на Калин Камен, а во Лесковац се уредува локацијата на кањонот на реката Вучјанка.

Во двете општини предвидено е да се одржат и т.н. Зелени викенди, во Крива Паланка на Станечки водопади ќе се одржи спортски настан за повеќе видови дисциплини, додека во Лесковац ќе се одржи гастрономски настан со размена на информации помеѓу средношколците  од двата града.

Големина на фонт
Контраст