Хуман гест на градоначалникот Сашко Митовски и среќниот Игор Митковски кој го извади крстот од водите на Крива Река

На иницијатива на градоначалникот Сашко Митовски и во координација со Игор Митковски најсреќниот кривопланчанеч кој го извади крстот од водите на Крива Река, денес му беше донирана машина за перење алишта на семејство на Борче Атанасовски од Крива Паланка.

Игор Митковски  е среќникот  кој годинава заедно со своите другари го извади крстот од водите на Крива Река и посака наградата од спонзорот на манифестацијата за положување на светиот крст во водите на Крива Река, Зегин аптеки  да ја донира на семејство кое е во исклучително тешка состојба и кое има итна потреба од ваков вид на помош.

Во консултација и по предлог на градоначалниот Сашко Митовски , беше одлучено донацијата да  биде врачена на четиричленото семејство на Борче Атанасовски од Крива Паланка, кое се наоѓа во исклучително тешка здравствена и финансиска состојба.

-Општината заедно со другите надлежни институции континуирано и системски работи при организирање и пружање на помош и олеснување на состојбата на семејствата кои се во тешка материјална и здравстена состојба, а мој приоритет, пред се  како човек, а  сега и како градоначалник, е да се биде хуман и солидарен и да се помага секаде и на секому во најтешките животни ситуации. Затоа, му честитам на Игор Митовски за овој хуман гест и се надевам  дека ваквите убави дела ќе вродат со плод и ќе поттикнат помош и од други наши сограѓани.

Среќен сум кога и другите се среќни, и оваа порака со апел за помош, солидарност и хуманост ја упатувам до сите мои сограѓани, и сите заеднички да го следиме патот на добрината, изјави во оваа прилика градоначалникот Митовски.

Големина на фонт
Контраст