Прослава на Богојавление-Водици во Крива Паланка

Во Крива Паланка денес владееше прекрасна празнична атмосфера, како што и доликува на овој голем христијански празник, Богојавление-Водици. Кривопаланчани уште рано утрово масовно се упатија во соборниот храм Св.Великомаченик Димитриј каде светото архиерејско намесништво на Кумановско-осоговската епархија служеше света Богојавленска литургија.

По положувањето на светиот крст во водите на реката, граѓаните се собраа на градскиот плоштад,каде локалната самоуправа на општината подготви пивтии и топли напитоци, а атмосферата ја надополни македонска народна музика.

-Денес го празнуваме големиот христијански празник, Богојавление-Водици, празник на крштевањето и духовно раѓање, почеток на човековото живеење во верата.Нека е вековит празникот и здравје и добра мисла да ги следи сите, рече градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски.

Тој упати желби за бериќет на среќникот што го извлече крстот од водите на Крива Река, Игор Митковски. Му посака здравје и среќа.

Митковски доби награда општината и од Зегин аптеки.

 

 

 

 

Големина на фонт
Контраст