Посета на првороденото бебе од Крива Паланка

Градоначалникот, Сашко Митовски, и претседателката на Советот на Општина Крива Паланка, Изабела Павловска, денес го посетија домот на првото новороденче од општината годинава,Калина Стевановска.

Калина е второ дете на родителите Бранимир и Мартина Стевановски, родена е на комплексот државни клиники „Мајка Тереза“ во Скопје на 3 јануари 2022 година.

-Нема поголема радост од среќата што ја носи новиот живот. Денес, на овој убав ден, големиот празник Бадник, посветен на семјството, ја посетивме малата Калина Стевановска. Таа е првото новороденче од нашата општина во новата година која донесе неизмерна радост за семејството, сестричката и родителите, рече градоначалникот Митовски, посакувајќи нејзиниот живот биде благословен со здравје, благосостојба, смеа и радост.

Од оваа, 2022, година, секое новороденче од Крива Паланка ќе добие еднократен надоместок од општината во висина од 3.000 денари, согласно Одлуката донесена од страна на Советот на општината, на иницијатива на градоначалникот Митовски.

Потребните документи за аплицирање се наведени во барањето достапно на веб-страницата на општината www.krivapalanka.gov.mk и во архивата на Општина Крива Паланка.

Големина на фонт
Контраст