Известување за граѓаните за традиционална прослава на Бадник

Пoчитувани сограѓани,

Ве известуваме дека во среда на 5-ти јануари, Oпштина Крива Паланка традиционално ќе го организира прославувањето на големиот христијански празник Бадник на централниот градски плоштад  со почеток од  15 часот.

Прославувањето на Бадник ќе биде во духот на христијанската традиција со звукот на коледарчиња, со традиционалните коледарски песни, со осветени лепчиња со паричка, делење на топла ракија и чај и  бадникарски гранчиња и со посна славска закуска.

Сите граѓани кои сакаат да се пријават за баникарки кум за наредната година, тоа можат да го направат најдоцна до вторник 4-ти јануари до 15.30 часот во просториите на Општина Крива Паланка на лицето за контакт Антониот Давитковски или на телефон 072 275 155.

Општина Крива Паланка  Ве поканува  да бидете присутни на градскиот плоштад и заеднички, сплотени и со радост да го прославиме овој убав ден Бадник, во радост и пресрет на најголемиот христијански празник, Христовото раѓање-Божиќ.

Кај и да си за Бадник дома да си. За многу години да ни е празникот!

 

Големина на фонт
Контраст