Кривопаланечки новогодишен базар

Со музички, сценски и забавни активности за сите генерации, Општина Крива Паланка годинава ќе ја организира досега најбогатата предновогодишна културна програма.

Кривопаланчани ќе имаат несекојденевна можност да се забавуваат и на „Новогодишниот базар“ со атрактивните дрвени куќички, каде можат да се најдат сувенири, новогодишни и божиќни колачиња, греано вино и топол чај и други новогодишни содржини, кои им го подигаат расположението и ги внесуваат во светот на новогодишната атмосфера.

Богатата  новогодишна програма –Новогодишен базар, започнува во понеделник, 27 декември и ќе трае се до 31 јануари.

– Во ова сивило, затвореност и резигнираност, предизвикани од пандемијата со Ковид-19, сакавме да внесеме малку радост и среќа кај граѓаните и  гледаме дека нашите сограѓани  се среќни и задоволни од новогодишниот амбиент и содржини, но сепак апелираме до сите, да се придржуваат кон здравствените мерки и протоколи, изјави градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски.

Големина на фонт
Контраст