Презентација на проект за маркација на планинарски патеки во с.Трново

Во општина Крива Паланка денес се оддржа презентација на активностите и резултатите од проектот „Запознајте ги убавините на природното и културно наследство на с.Трново“, кој е  финансиран од буџетот на Општина Крива Паланка во рамки на повикот за поддршка на проекти на невладини организации, а имплентиран од страна на здружението ПСК „Руен“ од Крива Паланка.

Во рамки на овој проект беа реализирани активности за расчистување на траса на патеки за пешачење,  планинарско обелжување и мерење на патеките, беа поставени патокази и информативна табла и беше изработен промотивен материјал со маркација на патеките во с. Трново.

Презентер на активностите од проектот беше Катица Борисовска, долгогодишен член и претседателка на здружението ПСК „Руен“ од Крива Паланка.

 

Големина на фонт
Контраст