Се подобруваат условите за спорт и рекреација на децата и младите од руралните места

Општина Крива Паланка започнува со постапка на проектирање и изведба на повеќенаменско игралиште во населено место Дубје во  с.Мождивњак.

Финасиските средства за реализација на проектот за изведба на повеќенаменско игралиште во  место викано Дубје  во с.Мождивњак се обезбедени преку Агенцијата за млади и спорт со одлука на Влада на РС Македонија.

Со планирањето и реализацијата на проекти од овој тип, Општина Крива Паланка продолжува да ја подобрува спортската инфраструктура во сите населени места, а со тоа овожможува спортот да биде достапен секому и секаде подеднакво.

Големина на фонт
Контраст