Успешно се спроведува проектот „Одговорни институции, среќни граѓани“ за помош и нега на стари лица во домашни услови

Општина Крива Паланка и ОО Црвен крст-Крива Паланка успешно го спроведуваат проектот „Одговорни институции, среќни граѓани“ за помош и нега на стари лица во домашни услови. Проектот е во висина од 11.034.000 денари обезбедени преку Министерството за труд и социјална политика со подршка на Светска банка.

Во првите пет месеци од имплементацијата на проектот се воспостави услугата при што беа обучени/ сертифицирани 20 негователи за помош и нега на стари лица и лица со попреченост, следеше опремување на простор во ОО Црвен крст- Крива Паланка за потребите на негователите и набавка на специјализирано возило за потребите на проектот.

Во моментот „Нега центарот“, во рамки на ОО Црвен Крст-Крива Паланка, располага со 20 стручно обучени негователи за помош и нега на стари лица и лица со попреченост, од кои 14 се веќе на терен и имаат 23 корисника кои се опфатени со социјални услуги.

Активности кои се опфатени со услугата:

  • основни активности (одржување на лична хигиена, облекување, мобилност во домот, хранење, користење на тоалет и менување на пелени)
  • инструментални активности (чистење, перење, готвење, купување продукти, земање на медицинска терапија)

Социјалните услуги кои ги добиваат корисниците се целосно бесплатни.

Доколку има заинтересирани граѓани кои имаат блиски роднини, комшии, пријатели или пак родители кои имаа потреба од дадената социјалана услуга нека ги пријават во просториите на ОО Црвен крст-Крива Паланка.

 

Големина на фонт
Контраст