Конкурс за учество на жени од oпштина Крива Паланка на обуки за развој на следните вештини и знаења: Развој на бизнис идеја и бизнис план, Претприемништво и менаџерски вештини, Дигитален маркетинг, онлајн продажба и употреба на дигитални технологии

Фондација ЦЕЕД Македонија објавува конкурс за учество на жени од oпштина Крива Паланка на обуки за развој на следниве вештини и знаења: Развој на бизнис идеја и бизнис план, Претприемништво и менаџерски вештини, Дигитален маркетинг, онлајн продажба и употреба на дигитални технологии. Обуките се спроведуваат како дел од проектот на UN Women „Промовирање на родово-одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија”, финансиски поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – СИДА.

Заинтересираните кандидатки кои ги исполнуваат критериумите за учество можат да аплицираат за една или повеќе обуки.

Напомена: Рокот за доставување на пријави е продолжен до 27.12.2021 година

КОНКУРС за учество на обуки

Апликација за учество на обуки

 

Големина на фонт
Контраст